ФЕД сигнализира наскоро намалување на каматните стапки
Федералните резерви на САД сигнализираа за намалување на каматните стапки во јули, со образложение дека се подготвени да се борат против растечките глобални и домашни економски ризици.
ФЕД го има предвид зголемувањето на обемот на трговијата и зголемената загриженост поради слабата инфлација.
Американската централна банка сега ја остави референтната каматна стапка непроменета.
Повеќето од претставниците на Банката на федерални резерви ја намалија во анализи перспектива за остатокот од годината за околу половина процентен поен додека претседателот на ФЕД Џером Пауел рече дека другите се согласуваат да се работи на воведување пониски стапки.
Иако се очекува континуиран економски раст, Пауел рече дека расте загриженоста веќе неколку недели од последниот состанок на ФЕД во почетокот на мај, поради непредвидлив исход од трговскиот спор на претседателот Доналд Трамп со Кина и други земји.
Трамп неколкупати ги обвинуваше Пауел и ФЕД дека поткопуваат напори на неговата администрација за јакнење на економскиот раст и постојано бараше да се намалат каматните стапки.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители