Тенис
14. јуни 2017 - 17:42

ФЕД куп: Без Ѓорческа, Македонија - Тунис 0-3

Женската тениска репрезентација на Македонија го загуби мечот од 1.коло на ФЕД купот што се одржува во Кишињев, Молдавија. Македонија е поразена од Тунис со максимални 3-0.
Победите во поединечна конкуренција за Тунис ги постигнаа: Шираз Бешри против Нора Христовска со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3 во гемови), додека Онс Џабер (104.место ВТА листа) ја победи Катарина Маринковиќ откако нашата тенисерка поради повреда го предаде мечот во вториот сет. Првиот сет и припадна на Џабер со 6:1 во гемови, а во вториот беше 2:1 за Маринковиќ, но повредата напукната коска на зглобот на десната нога. Ногата на Маринковиќ и во гипс и ќе мора да паузира еден месец. 
 
Во мечот во двојки Христовска и Викторија Веселинова која ја замени Маринковиќ загубија со 2-1 во сетови (6:4; 4:6 и 6:2) од Бешри и Муна Бузгару.
 
Во вториот меч од групата Финска го победи Камерун со 3-0.