Бизнис
20. October 2018 - 9:04

Фазлиу на состанок на земјите од Централна и Источна Европа и од Кина

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во Софија, ќе учествува на четвртиот работен состанок на Асоцијацијата на локални и регионални власти на земјите од Централна и Источна Европа и од Кина (16+1).

На состанокот, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, ќе бидат разменети искуства за соработката на локално ниво, ќе се разговара за координација на тековни активности, како и за работниот план на активности за наредната година со клучните аспекти на кои што ќе биде фокусирана соработката.

Асоцијација на регионални и локални власти од Кина и од земјите од Централна и Источна Европа, во рамките на Иницијативата 16+1, е формирана 2014 година, на првиот состанок во Прага, Република Чешка и  во неа членуваат претставници од 15 региони од Кина и од 29 региони од земјите од  Централна и Источна Европа.

Соработката во рамките на Иницијативата 16+1 е насочена во областите  на инвестициите, транспортот, финансиите, науката, образованието и културата.