Македонија
22. November 2020 - 21:16

Фавира е одобрен од Малмед - Првите количини пристигнуваат следната недела

Агенцијата за лекови одобри увозот на антивирусниот лек фавипиравир. Медикаментот кој се повеќе го бараат болните од ковид, во земјава треба да пристигне од понеделник. Од агенцијата за лекови велат дека зелено светло дале по барање на докторите. Но дали и кога ќе се најде во аптеките, за тоа требале да одлучат надлежните.

По барање на докторите, пред неколку дена одобривме увоз на лекот фавипиравир во Македонија. Увозот е од Јапонија и Турција, а во земјава треба да пристигне во понеделник. На кој начин лекот ќе биде достапен до граѓаните, за тоа треба да одлучат надлежните.

Микробиологот докторот Пановски вели дека е добро што ќе пристигне лекот, бидејќи е многу поевтин од досегашниот ремдесивир. Тој апелира граѓаните да не го земат на своја рака.

Дел од матичните лекари велат дека имале пациенти кои на своја рака сакале да го набават лекот од Косово. Апелираат надлежните да го испитаат дејстовото на овој медикамент, а граѓаните да не го купуваат по секоја цена. 

Засега лекот кој се уште го нема во македонските аптеки, пациентите на црно го набавуваат пред се од Косово по цена од 80 па се до 100 евра и тоа најмногу тој произведен во Турција.