Македонија
22. August 2019 - 10:12

Фатиме Фетаи за “Рекет“: Никој не е недопирлив

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи за случајот “Рекет“ порача дека работите конечно тргнале во позитивна насока и дека никој не е недопирлив. 
 
"Евентуалната индивидуална одговорност не смее да биде изговор за да се заборави целокупниот криминал кој е сторен и ние да ја запреме нашата борба. Тимот е целосно посветен на таа борба и ние продолжуваме со она што е наша работа, застапување во предметите." - порача Фатиме Фетаи пред денешното рочиште за случајот Монструм кој го презеде СЈО.
 
Мирјана Давидовска