Фатени скопски дилери на дрога - еве што пронајде полицијата кај дедо и внук
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија, со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје го предаде лицето Ќ.Ј.(52), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ.
На лицето му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Завчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, по преземени мерки за извршено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, извршен е претрес во дом лоциран на улица „Лазар Танев“ во Скопје, сопственост на пријавениот, каде истиот престојува заедно со неговиот 28 годишен внук.
При извршениот претрес пронајдени се 126 грама хероин, 47 грама кокаин и 470 грама мешавина од кофеин и парацетамол.
Ново на Сител
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните
-
Студентите не можат да ги искористат можностите во целост бидејќи Македонија не ги следи европските трендови
-
Македонија со најмал број студенти по новинарство во регионот, преку проекти се нуди решение за проблемот
-
Србија на нозе, втор ден се трага по 2 годишната Данка
-
Преглед на вестите од светот