Македонија
25. October 2019 - 11:25

Фатени шестмина малолетници од гостиварско Чеграни, расчистени 27 тешки кражби

СВР Тетово - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар расчисти вкупно 27 тешки кражби и обиди за тешки кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против 6 малолетни лица од гостиварското село Чегране, од кои 3 на возраст од 15 и исто толку на возраст од 17 години.

Шесте малолетници се сомничат дека во периодот од ноември 2018 до август 2019 година, делувајќи во група и со употреба на сила провалувале во куќи претежно на времено вработени во странство од Чегране, како и во други објекти во ова село и противправно одземале златен накит, алати, облека и технички производи.

Одземеното го криеле во напуштен објект - штала во Чегране и подоцна го продавале на други лица.

Вкупната корист што противправно ја оствариле во овие кражби се проценува на 418 илјади денари, а причинетата материјална штета на 224 илјади денари.