Македонија
31. January 2020 - 22:02

Фатени лица што палеле кабли под Кале

Дежурните екипи на Инспекторатот на Град Скопје вечерва откриле лица кои палеле кабли под Калето. Главниот инспектор на Град Скопје Мирослав Богдановски за МИА изјави дека тие се фатени и санкционирани.

-Екипите на Инспекторатот на Град Скопје лоцираа лица кои вршеа спалување на кабли. Истите се дадоа во бегство при што нивното возило беше оставено. Во координација со МВР лицата се фатени и се санкционирани. Нема компромис и милост во борбата за чист воздух, се наведува во Фејсбук-објавата на Инспекторатот на Град Скопје.