Македонија
25. December 2021 - 19:50

Фатени лица без сертификати за вакцинација во обложувалници во Тетово

Тетовската полиција информира дека во контрола со државни пазарни инспектори во обложувалници откриени се лица кои немале сертификат за вакцинација.

-Полициски службеници на СВР Тетово, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, денеска 25 декември од 13 часот спровеле акциска контрола во две спортски обложувалници во тетовските села Милетино и Радиовце, во кои вкупно биле легитимирани осум лица. Две од легитимираните лица од Милетино и од Радиовце, на возраст од 31 година, не поседувале сертификат за примена вакцина, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот против двете лица и објектите-правни лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.