Македонија
2. February 2018 - 13:17

Фатени Албаники во Кичево - еве што работеле

На 1 јануари од 01.30 часот полициски службеници од Полициската станица Кичево извршиле контрола во два угостителски објекти на подрачјето на Полициското оддление Зајас.

Во угостителски објект во село Зајас, без соодветна дозвола за работа, биле затекнати Е.И. (23) и Е.И. (25) од Лежа-Република Албанија и А.К. (33) од Ѓаково-Косово. Во угостителски објект во село Мидинци била затекната И.С. (30) од Сараево-Босна и Херцеговина.

Сите лица биле приведени и по консултација со ЈО против нив, согласно Законот за странци поднесена е прекршочна пријава, странските државјанки се депортирани, изречена им е парична казна од по 500 евра и забрана за влез во РМ во траење од една година.