Македонија
27. August 2019 - 15:38

Фатени 10 крадци во Кавадарци, со вода за пиење наводнувале лозја

Фатени се 10 крадци на вода во Кавадарци, кои со вода за пиење наводнувале лозја, ниви и имот околу викендички.

-Крадците на вода се откриени во координирана акција од страна на ЈП Комуналец, комуналните инспектори и МВР Кавадарци. Откриени се 10 диви приклучоци на системот за вода за пиење во месноста Катуниште, појаснија од општинската прес-служба.

Службите, посочија, ќе реагираат согласно законот.