Балкан
23. January 2019 - 20:48

Фатена на дело: Албанска службеничка снимена како бара мито, за мене 6000 евра, а министерот бара повеќе, ќе го решиме случајот за 5 месеци!

Еден албански државјанин кој повеќе од 25 години се наоѓа во процес на приватизација на својот имот, овие денови на интернет објави снимка за понудата која му ја дала една службеничка во министерството за финансии на Албанија.

На снимката која овие денови се појави, се гледа како службеничката Мона Аликај му нуди помош, но не на начинот на кој се надевал.

Имено, таа на снимката му објаснува дека може да се реши неговиот случај за 800.000 леки, односно 6.000 евра, но дека министерот за финансии сепак барал милион леки, односно повеќе од 8.000 евра.

„Случајот кој трае повеќе од 25 години, ќе биде решен за 5 месеци, може?“, го прашува таа на снимката.