Македонија
31. May 2016 - 16:09

Фатен возач на СДСМ со партиско возило со кое разнесувал бои од кои е направена штета од 250.000 евра на државните објекти

Возач вработен во СДСМ со партиското комбе ги разнесувал боите со кои демонстрантите на опозицијата и СОРОС предизвикаа штета од 250.000 евра низ Скопје. Лицето Новица Павиќ кое вчера го управувало возилото регистрирано на име на партијата од Бихаќка од октомври 2013 година бил вработен како возач во СДСМ. Сообраќајната полиција го запрела возилото а по прибавениот налог,  бил извршен и претрес при што биле пронајдени канти со акрилна боја, катапулти и различни пиштоли со кои се вршело оштетувањето на спомениците со што стана комплетно јасно дека нема ништо граѓанско во протестите на СДСМ и СОРОС. Опозициската партија директно стои зад уништувањето и сквернавењето на спомениците, а доказ за тоа е фактот дека човек вработен на Бихаќка го возел комбето сопственост на СДСМ и со него ги разнесувал боите што значи дека СДСМ е организатор, реализатор а преку СОРОС и финансиер на вандализмот во главниот град.

Во развиените земји, сквернавењето на споменици важи за вандалски чин од највисок ред. Во дел од нив, казната за оштетувањето на јавните добра надминува неколку илјади евра, а во дел од државите во САД за тоа може да добиете и неколку години затвор.

За луѓето кои живеат таму, однесувањето на Заев и СДСМ е неразбирливо. Еден од најбогатите Македонци во САД вели дека за вакво однесување, Заев би завршил во затвор.

Во Македонија, повеќемина активисти на СДСМ и СОРОС веќе беа повикани во полиција. За разлика од земјите во Европа и САД, кај нас тие беа казнувани со глоби од по 50 евра