Македонија
11. September 2019 - 10:55

Фатен скопјанец кај Табановце, од „ауди“ истоварил 10 Сиријци

Вчера утро во 04.40 часот на автопатот Куманово – Скопје полициски службеници го привеле Б.И.(47) од Скопје поради тоа што во 04.30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“ од неговото возило „ауди С-8“ со скопски регистарски ознаки, истоварал 10 мигранти од Сирија.

Мигрантите заедно со возачот предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.