Македонија
18. November 2018 - 10:49

Фатен на Табановце: Прелепувал фотографија на албански пасош, еве што сакал да скрие

Вчера во 11,00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од Р.Македонија при пасошка контрола на Х.Б.(25) од Р.Албанија, на неговата албанска патна исправа било констатирано дека станува збор за прелепуван дел од друга патна исправа, со цел да прикрие забрана за влез во земјите членки на Европска Унија.

Лицето е приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.