Свет
2. December 2020 - 11:47

Фатен „Манијакот од Волга“, осомничен е за убиство на 26 жени

Руската полиција уапси човек осомничен за грабеж и убиство на 26 постари жени низ централна Русија во 2011 и 2012 година.

Полицијата се сомнева дека 38-годишниот, Радик Тагиров, бравар, кој претходно бил осуден за кражба, е таканаречениот „манијак од Волга“, кој е поврзан со бројни злосторства и убиства извршени во регионите долж таа руска река.

Полицијата вчера објави дека го испитала осомничениот и дека форензичките истраги покажале дека споменатите дела ги извршило едно лице. Полицијата додаде дека „моделот“ на однесување на напаѓачот се совпаѓа со однесувањето на осомничениот.

Истражителите тврдат дека Тагиров, кој живее во рускиот град Казан, наводно влегол во домовите на жртвите претставувајќи се како комуналец, а потоа ги давел со електричен кабел или со појас од наметка.

Минатата година, руската полиција понуди награда од три милиони рубли за информации што можат да помогнат во апсењето на „манијакот од Волга“.