Македонија
24. April 2020 - 14:39

Фатен дрвокрадец во Радовиш

Во акција на Шумската полиција и полициски службеници од Полициската станица во Радовиш денеска е откриен дрвокрадец, кој со запрега превезувал буково огревно дрво.

Дрвокрадецот е откриен на влезот во Радовиш од планината Плачковица на улицата „Коџа Баир“. Во реализирањето на акцијата присуствуваше и градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

-Како градоначалник и општина силно ги поддржуваме акциите за откривање дрвокрадци. Апелирам до граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадци и со тоа да дадат свој придонес во спречувањето на дрокрадството, рече градоначалникот Конзулов.

Во последниот период, посебно кога во сила е забраната за движење на граѓаните, зачестија кражбите на огревно дрво во Струмичко и Радовишко, но засилени се и контролите од страна на Шумската полиција и притоа се откриени повеќе дрвокрадци.