Македонија
3. December 2024 - 10:25

Фатен 30 годишен струмичанец кој избегал од штипскиот затвор

Вчера, na 02.12.2024, во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 30-годишниот А.К. од Струмица.

Тој бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип, каде издржувал затворска казна во траење од три години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а имал за доиздржување 2 години и 5 месеци.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.