-->
-->
Фатен 26-годишник при обид да изврши кражба во две возила
-->
Дваесет и шестгодишник од полицајци бил фатен во обид да краде од возила ноќеска на една од тетовските улици. Полицајците го забележале половина час пред полноќ на улицата „Штипска“ во Тетово.
– Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.И.(26) од Тетово поради сомнение дека претходно извршил обид за тешка кражба во две патнички возила, „фолксфаген голф“ и „опел астра“, со тетовски регистарски ознаки, кои биле паркирани на оваа улица. Џ.И. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, информираат од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ