Живот
17. September 2018 - 10:57

Фатална блондинка му испратила на бившото момче интимна фотографија со новиот љубовник: Не насетила дека ќе има крвопролевање

Сара Брамли (29) призна дека го поттикнала своето поранешно момче на насилство, кое завршило со убиство, така што му испратила фотографија од сексот со новиот љубовник.

Брамли судот во Англија ја прогласи за виновна за „поттокнување или помагање во извршување на кривично дело“.

Имено, таа, во филмски манир, на поранешното свое момче, 33 - годишниот Давид Сандерс му испратила фотографија од сексот со своето ново момче Мајкл Лавсон (34).

Многу брзо откако ја добил фотографијата, Сандерс изгубил контрола и од љубомора кујнски нож му забил во срцето на Лавсон, инаку татко на едно дете. Лавсон починал од едниот бодеж, а Сандерс поради убиството е осуден на доживотна затворска казна, со минимално траење од 22 и пол години.

Брамли пред нападот му удрила шамар на Лавсон и му наредила да ја напушти куќата.

По сексот со Лавсон и откако му испратила фотографија на Сандрес, Брамли наводно му удрила шамар на Лавсон и му рекла да ја напушти куќата.

„Самошто го удрив момчето во лице зошто не сакаше да си оди дома. Во што се вплеткав?“, наводно напишала во пораката до Сандерс иуи му рекла дека Лавсон е надвор од куќата и дека слободно може да го „скрши“.

Сандерс го призна убиството и се обиде да го намали траењето на казната тврдејќи дека не зел со себе нож и дека немал намера да го убие Лавсон. На Брамли и е одобрена кауција, а и се заканува и шестмесечна затворска казна.