Живот
18. May 2017 - 16:55

Фатален Бермудскиот триаголник: Полетала со децата, а мистериозна сила потоа сите ги проголта

Американската крајбрежна стража ги пронајде остатоците од приватниот авион кој исчезна во Бермудскиот триаголник.

Во авионот биле американскиот безнисмен кој пилотирал Нејтан Улрих (52), Џенифер Блумин (40) и нејзините синови Фини (4) и Теодор (2). Остатоците од авионот се пронајдени кај Бахамите, а спасувачките екипи и натаму ги бараат преживеаните.

Контролата на летот во понеделникот околу 14 часот по локално време изгуби контакт со пилотот. Во тој момент двомоторниот авион Мицубиши Му-2Б со семејството се наоѓал на 60-тина километри источна од островот Ељутер на висина од 7 километри.

Урлих полетал од Порторико во 11 часот, а крајната дестинација му беше Тајтусвил на Флорида. Причината за несреќата е мистерија, а портпаролот на крајбрежната стража вели дека условите за летање биле идеални.

Исчезнатата Џенифер Блумин (40) била сопственичка на компанијата Скајлајт Груп, која се занимава со организирање на врвни социјални настани. Настраданиот пилот исто така имала своја компанија и овој февруари ја поминал обуката за пилот.

Во Бермудскиот триаголник во последните 100 години под неразјаснети околности загинаа околу 1.000 луѓе. Секоја година таму местериозно изчезнуваат во просек по 4 авиони и 20 бродови.