Loading Video...
Ракомет
26. July 2018 - 22:06

Фарски острови противник на младите македонски ракометари во полуфиналето

 

Селекцијата на Фарските острови ќе биде противникот на младата ракометна репрезентација на Македонија во полуфиналето на Европскиот шампионат (Б дивизија) што се одржува во Скопје.

Ова е исходот по комплетирањето на последното коло во групната фаза.

Нашите надежи забележаа победа над Украина со 28-27, со што го осигураа првото место во Б групата, од која како второ рангирана во полуфиналето се пласира Швајцарија која убедливо со 34-23 ја совлада Италија.

Нашиот противник во полуфиналето репрезентацијата на Фарските острови неочекувано со дури седум гола разлика (29-22) ја победи Белорусија која дотогаш имаше максимални четири победи.

Така во полуфиналето кое на програмата е во сабота ќе играат, Белорусија и Швајцарија од 17:30 часот, додека средбата меѓу Македонија и Фарските острови ќе се игра во терминот од 20 часот.

Потсетување дека само победникот од овој турнир, како и турнирот кој се игра во Црна Гора, ќе обезбедат пласман во поелитната „А дивизија“.