Живот
28. July 2018 - 10:57

Фармер на имотот пронајде нешто неверојатно: Државата веднаш му исплати 773 илјади евра

Германскиот суд пресуди денеска дека властите ќе мора да му платат 773. 000 евра кој во 2009 година на својот имот пронајде глава од бронзен коњ од времето на старите Римјани.

Главата е дел од статуа на римскиот цар Август која археолозите ја пронашле во Лахнау на западот на Германија. Германската држава Хесе прво на фармерот му платила 48.000 евра.

Окружниот суд во Лимбург соопшти дека според законот од 2009 година, фармерот има право на надомест во изност од половина од вредноста на главата, која е проценета на околу 1,6 милиони евра. Исто така, фармерот ќе има и право на камата.

На пресудата постои право на жалба.