Бизнис
19. јуни 2018 - 10:31

ФАО работилница за пристапот при консолидација на земјиштето

 Во Скопје денеска почнува тридневната Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ што ја организира ФАО со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Целта на работилницата е идентификување на најдобрите регионални практики и развивање заеднички пристап кон легислативата за консолидација на земјиштето во земјите од Западен Балкан.

Пред присутните ќе се обратат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, експертот од ФАО за управување со земјиште Мортен Хартвигсен, како и Рик Ваутерс од Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ), Работна група за земјишна администрација