Џет-Сет
21. July 2018 - 19:36

Фановите не ја препознаа: Ријана потполно го промени имиџот

Една од најголемите поп-ѕвезди на денешницата, Ријана успеа да изненади, но и да ги шокира своите следачи и фанови со промената на имиџот.

Иако од неа се очекува, но и е склона на многу трансформации, Ријана овој пат се одлучи за уште една драстична промена.

Наместо препознатливиот изглед, таа сега има долга сина коса.

Фановите не ја забележаа веднаш, но набрзо сите сфатија за што станува збор.