ФАМИЛИЈАТА РЕЈ

Loading Video...

"Фамилијата Реј" е мексиканска ТВ новела, која критиката и публиката ја споредија со култната американска серија "Далас". Главните улоги им припаднаа на Мишел Браун (ѕвездата на "Скриени страсти" и "Научи ме да сакам") и на младата и талентирана Росана Нахера.

Содржина:
Главата на фамилијата Реј, дон Еверардо е еден од најпознатите и највлијателни моќници во Мексико. Сопственик е на семејната компанија гигант, а оженет е со Мануела со која има три деца, Вадо, Гиљермо и Матијас. Живеат на голема хациенда, опкружена со бајковити пејсажи и идила каква што секој би посакал. Меѓутоа, нивната приказна на богатство, власт и моќ има мрачна позадина, проткаена со неверства и предавства.

Безгрижноста на фамилијата Реј се чини дека ќе биде нарушена од Педро, човекот кој излегува од затвор и започнува да ја открива измамата која одамна му ја направил дон Еверардо Реј. Целосно е скршен и разочаран од сплетките на човекот кој го сметал за свој најдобар пријател, кој не само што го сместил во затвор, туку се оженил и со неговата сакана Ману и му го презел целото богатство. За Педро доаѓа време на голема одмазда, време на враќање на она што одамна е загубено и вистинска војна со фамилијата Реј.

Улоги : Росана Нахера (Лоренца), Мишел Браун (Матијас), Леонардо Гарсија (дон Еверардо), Офелија Медина (Мануела), Хосе Алонсо (Педро), Елизабет Сервантес (Паола), Каролина Миранда (Делфина "Фина"), Ариел Лопез Падиља (Гиљермо "Мемо"), Хуан Алфонсо Баптиста (Педро Луис).