Македонија
21. јуни 2018 - 11:09

Фалсификувано возило откриено на Табановце, еве што се имало внатре

Вчера во 15:15 часот на Граничен премин „Табановце“, при контрола на патничко возило „Мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од А.И. (59) од с.Чегране, гостиварско, а со место на живеење во Република Србија, било констатирано дека возилото е фалсификувано, односно дека има вградено делови од украдени возила во Република Чешка и Италија, како и фалсификуван ВИН број.

Лицето било приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка, а возилото со потврда за привремено одземени предмети било одземено.