Loading Video...
Спорт плус
1. јуни 2018 - 11:46

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје одбележува 40 години работа

Најважната образовна институција за едукација на спортистите во Р. Македонија, Факултетот за физичко образование спорт и здравје во Скопје, го одбележа јубулејот 40-години од својата работа. 

 

На свеченоста која се одржа во х. „Александар Палас“, присуствуваа над 400 гости, од општествениот, политичкиот, образовниот и пред се спортскиот живот во државата.

Деканката на факултетот за Физичко образование, спорт и здравје, Ленче Алексовска - Величковска, презентирајќи ја монографијата во која е опфатен целокупниот 40-годишен период од постоењето и работата на факултетот, го истакна големото значење на оваа високо образовна институција, низ која како во минатото, така и ден денес, но и понатаму, се образовале и дипломирале голем број наставници, професори, како и врвни спортисти, тренери и спортски работници, кои со стекнатото знаење имале и имаат голем придонес во развојот на визичкото образование и пред се спортот, неговата презентација како на домашната, така и на меѓународната сцена. 

 

Алексовска-Величковска истакна дека визијата на факултетот е преку нови едукациски програми, следење на трендовите во најразвиените спортски општества во светот, оваа институција да создава и едуцира кадри од областа на спортот, кои преку својата работа ќе ја зголемуваат масовноста на младите генерации, ќе едуцираат нови врвни тренерски имиња, како и идни менаџери кои ќе помогнат во организацијата на спортските клубови, федерации и останати спортски организации. 

 

Како дел од јубилејот е и дводневниот трета по ред Меѓународна научна конференција, на која преку бројни трудиви и излагања ќе бидат преставени најновите научни достигнувања од истражувањата кои се однесуваат на ефектите од физичката активност кај децата, младите и возрасните лица, како и нивната имплементација во физичкото и здравствено образование, спортската рекреација, кинезитерапијата, спортскиот менаџмент и се останато поврзано со спортот.