-->
-->
Фајзер започнува да тестира вакцина против Ковид-19 на бебиња
-->
Фармацевтската компанија „Фајзер“ најави дека наскоро ќе започне со тестирање на својата вакцина против ковид-19 на бебиња.
Фармацевтската компанија заедно со својот германски партнер, креаторите на првата вакцина против ковид-19, ќе тестираат 4.500 деца волонтери на повеќе од 90 локации во САД, Финска, Полска и во Шпанија.
Децата на возраст од 5 до 11 години ќе добијат две дози од по 10 микрограми, што е приближно една третина од дозата што се користи за тинејџери и возрасни. Некои ќе добијат плацебо инјекции.
Тестирањата за шестмесечни бебиња ќе започнат за неколку недели и тие ќе добијат доза од 3 микрограми.
До септември може да се очекуваат резултатите за деца од 5-11 година, додека за помладите подоцна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај