Loading Video...
Свет
18. November 2020 - 19:39

Фајзер и нејзиниот партнер Бајонтек објавија дека нивната вакцина нуди 95 процентна заштита од КОВИД-19

Се зголемува бројот на земји  од регионот и Европа кои воведуваат построги антиковид мерки. Паралелно расте и револтот кај граѓаните од органичувањата. Денеска на протести изгегоа Германците поради планот на Владата сама да воведува анти епидемиски  мерки, без собраниска процедура. На стартот на протестите полиција им се закани на демонстрантите дека ќе интервенира ако не носат маски и не држат дистанца. Но најголем дел од демонстрантите го игнорираа предупредувањето. 17.560 нови случаи беа забележани во вчерашната ковид статистика на Германија. 

Фајзер со одлични вести и нова надеж: Вакцината е 95 проценти безбедна и ефикасна!

Американската медицинска компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бајонтек  објавија дека нивната вакцина нуди 95 процентна заштита од КОВИД-19 и ги има поминато сите безбедносни проверки. Фајзер најави дека ќе бара одобрение за вакцината  од американската управа за храна и лекови во следните денови. Во САД ковид пандемијата е  во фокусот на транзицијата меѓу тимовите на Трамп и Бајден. Тимот на избраниот претседател бара Трамп да ги сподели критичните информации за ковид за да избегне какво било заостанување во справуавњето со неконтролираното ширење на заразата во земјата.

-Многу луѓе може да умрат, ако не се координираме. Ако треба да почекаме до 20-ти јануари за да почнеме со планирање, тоа ќе не остави назад месец, месец и половина. И затоа е важно да се координираме сега, истакна Џо Бајден. 

САД се најзогрозена земја  во светот во однос на бројот на заразени и починати.  

Американскиот претседател Доналд Трамп го разреши директорот на Агенцијата за сајбер безбедност, Крис Кребс. Кребс деновиве ги оспоруваше тврдењата на Трамп дека победата му е украдена со изборна измама, потенцирајќи дека претседателските избори оваа година се најбезбедни во американската историја. Трамп  направи уште еден потег овојпат во надворешно безбедносната политика. 2000 од 4500 војници во Авганистан и 500 од 3000 војници во Ирак  ќе бидат повлечени до 15-ти јануари , пет дена пред Трамп да ја напушти Белата куќа.  Според аналитичарите,одлуката е избрзана и неоодговорна и ќе ги  зајакне екстремистичките сили во двете земји.