Loading Video...
Свет
26. March 2021 - 16:57

Фајзер и Бионтек почнаа со тестирање на вакцината против Ковид-19 кај деца под 12 години

Американската компанија Фајзер објави дека заедно со партнерот Бајонтек почнале со тестирање на вакцината против Ковид-19 кај деца под 12 годишна возраст. Фајзер веќе ја тестирал вакцината на деца на возраст од 12 до 15 години, а компанијата очекува да ги има тие резултати во наредните недели.е