„Фајненшел тајмс“: Румен Радев се обидува да ги разбие стравувањата дека е преблизок до Москва
Новоизбраниот бугарски претседател Румен Радев се обидува да ги разбие стравувањата дека е преблизок до Русија како лидер на земја членка на Европската Унија и НАТО, пишува британскиот весник „Фајненшел тајмс“.
- Бугарија секогаш ќе работи заедно со своите партнери ЕУ и НАТО. Сакам Бугарија да биде вистинска членка на НАТО, со вистински способности и да биде лојален и предвидлив партнер, рече Радев во интервју за весникот, што на англиски јазик го даде во Софија.
Тој вели дека никогаш не бил во Москва, но цврсто се залага за подобрување на односите меѓу НАТО и Русија.
-Мислам дека сме исправени пред заеднички закани - тероризмот и исламскиот фундаментализам, па затоа е неопходна соработката меѓу НАТО и Русија, изјави Радев.
„Доколку не работиме на подобрување на дијалогот и на намалување на конфронтациите, не можеме ефикасно да се справиме со овие глобални закани“, додаде радев во интервјуто за „Фајненшел тајмс“.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор