Македонија
21. July 2022 - 16:39

Фајненшал Тајмс: Прерано е да се слави почеток на преговори

Прерано е да се слави почетокот на преговорите за Македонија и Албанија, тврди Фајненшл Тајмс во колумната посветена на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Во текстот се повикува на документ на ЦИА од 1971 година за Македонија , во кој на 12 страни се елаборира Македонскиот синдром, како еден од најнерешливите исторски спорови во југоисточна Европа. Педесетина години подоцна ништо не се сменило и покрај различната геополитички контекст идентитетските прашања на Македонците си останаа отворени, констатира весникот. Според Фајненшл Тајмс, Европската Унија со последниот предлог и формалното почнување на преговарачкиот процес, само долеала масло на огнот.  Весникот оценува дека Унијата поддржувајќи ги условите на  Бугарија, не само што престана да биде непристрасен арбитер меѓу двете земји, туку  создаде опасен преседан, кој натаму може да се примени и врз другите земји од Западен Балкан.

На пример, овој месец се разгоре спорот меѓу Хрватска, која е во ЕУ, и Србија, која е кандидат, околу планираната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на споменикот на местото на хрватските злосторства врз Србите во Втората светска војна. Што ако еден ден Хрватска го следи примерот на Бугарија и бара од Србија да го прифати хрватското читање на историјата на Југославија во 20 век, пишува ФТ.

Весникот го наведува и нефер односот на Унијата во врска со барањето на Софија за признавањето на Бугарите во македонскиот  Устав, посочувајки дека  нема реципроцитет за македонското малцинство во Бугарија. Во текстот се поставува прашањето дали со ваквиот став Унијата го става под знак прашање целиот процес на приоширувањето со земјите од заоаден Балкан, иако во исто време декларативно го поддржува.