Свет
31. March 2016 - 11:20

Фајман: Германија и натаму на мигрантите им испраќа погрешни сигнали

Австрискиот канцелар Вернер Фајман смета дека Германија и натаму на бегалците им испраќа погрешни сигнали.

Иако балканската рута е затворена бегалците сега во Европа стигнуваат преку нова рута, односно преку Италија. 

- Погрешно е да се наградува некој кој им плаќа на криумчарите, со цел во Германија да добие целосна социјална поддршка, додека некој, кој е под заштита на УНХЦР и чека на легално патување, да не добие ништо, изјави Фајман за виенскиот весник „Кронен цајтунг“.

Тој истакна дека доколку не се укаже на овој проблем, може да дојде до проблем на преминот Бернер, бидејќи рутата преку Италија станува се поатрактивна. 

Според него сето тоа би довело до потешка политичка, организациска и полициска ситуација, а на крајот би довело до воспоставување на сличен систем на управување како на преминот кај Шпилфелд кон Словенија.

Фајман смета дека пред се Германија треба да преземе нешто.

- Доколку Германија може да замисли да прими половина милион, 600 илјади или 700 илјади бегалци, тогаш тоа во принцип е работа на земјата, а но би требало да ги преземе тие луѓе на лице место, пред да тргнат на илегално патување, смета австрискиот канцелар.

Тој појасни дека тоа е можно кога на надворешната граница на ЕУ или преку УНХЦР надвор од Унијата, ќе се утврди кој има право на азил и ќе се издаде транзитна виза, со цел уште таму да се изврши распределувањето.