Бизнис
7. November 2018 - 20:00

Фабриката за масло „Благој Ѓорев“ гарантира сигурен откуп на сончоглед по пазарни цени

Директорот на фабриката „Блаког Ѓорев“ од Велес Горанчо Лазов денеска во Владата на РМ пред земјоделците вети сигурен откуп по пазарни цени за земјоделските производители на квалитетно сончогледово семе.

-Капацитетот на „Благој Ѓорев“ има можност за преработка на 40.000 тони сончоглед, а моментално откупуваме само 2.000 тони од домашно производство. Останатото го увезувам од Бугарија за што се одлеваат девизи од државата. Токму затоа иницирам кооперантски односи со земјоделските производители во квалитетно семе, репроматеријали, а го гарантирам и откупот по пазарани цени, истакна Лазов.

Како што соопштија од Владата, земјоделците, агробизнисмени, претсатвници на земјоделски здуженија, експерти, директори на институции од областа на земјоделството и сопственици на компании ја поддржале идејата за договорено производство и нагласиле дека ова претставува можност да ја заменат пченицата со сончоглед.

-Идејата за договорното производство е одлична и ја поддржуваме. Но потребна ни е и зелена нафта и зголемување на субвенциите како мотив плус за да се префрлиме со производство на оваа култура. Особено ни е важна поддршката на Владата и МЗШВ во овој процес заради сигурноста дека ќе се почитуваат договорите, посочуваат земјоделците

Посебната советничка за земјоделство, шумартсво и водостопанство на претседателот на Владата на Република Македонија Ленче Николовска нагласи дека со враќањето на сончогелдот на македонските ниви ќе се придонесе во решавање на проблемот со пласманот на пченицата, обработување на напуштени земјоделски површини како и намалување на трговскиот дефицит.

-Со оглед на тоа дека сончогледот е пролетна култура, се сее во март, а интересот е голем кај земјоделците и во периодт што следи ќе има кампања за што поголемо информирање на земјоделските производители да се засеат поголеми површини од моменталните 2.000 хектари, рече Николовска.