Свет
5. December 2015 - 13:16

Фабиус: Заминувањето на Асад не е неопходно пред транзицијата

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус веќе не верува дека заминувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад е неопходно пред политичката транзиција во Сирија.

- Борбата против Даеш (Исламска држава) е клучна, но тоа ќе биде целосно ефикасно само ако сите сириски и регионални сили бидат обединети, изјави Фабиус во интервју за францускиот весник „Прогрес“.

- Обединета Сирија подразбира политичка транзиција. Тоа не значи дека Башар ал Асад мора да замине пред транзицијата, но мора да постојат уверувања за иднината, рече Фабиус.