ФАА: Поради автопилотите, пилотите заборавиле да управуваат со авионите

Федералната воздухопловна администрација на САД (ФАА), заклучи дека таканаречените автопилоти, автоматски системи за управување со патнички авиони, придонеле кон намалување на практиките и навиките на пилотите, а со тоа и деградација на нивните вештини на уравување со леталата.
– Зголемената употреба на автопилоти можеби ја подобри општата безбедност, но тоа придонесе намалени вештини во контролата на летачките патеки со рачна контрола на летот, се вели во извештај на управата објавен неодамна.
Според ФАА, од 2009 до 2016 година 96 отсто од причините на сите воздуши инциденти се грешки на пилотите за време на мануелно пилотирање.
Се истакнува дека во оваа статистика не се вклучени ненадејните катастрофи, како расипана конструкција или терористички напад.
– Кога автоматиката прекинува со работа како што е предвидено, пилотите без доволно искуство со рачно управување на авионот и без потребна подготовка можат да се збунат и да покажат недоволно подготвеност за да ја обноват контролата над авионот, се вели во извештајот.
Од ФАА, исто така, истакнаа дека авиокомпаниите имаат различни тренинг програми за подготовка и многу пилоти не ја поминуваат потребната обука.
Администрацијата ги повика авиокомпаниите во сите земји да воведат обврзна обука на пилоти со поминување на низа маневри на целосни авиосимулатори, како полет и спуштање на авионот, полет на мали растојанија, обнова на положбата на авионот по слетување со отскоци, обновување на стабилноста по непредвидено отстранување или обнова на положбата на авионот во воздух, или, пак, обнова по нагло губење на висината.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
