Фудбал
30. March 2016 - 14:02

ФА нареди истрага за „обложувачот“ Демикелис

Голем скандал го тресе англискиот фудбал и Манчестер Сити, откако дефанзивецот на овој клуб, Мартин Демикелис е обвинет дека се обложил на натпревари за кои се смета дека биле наместени.
 
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го покрена случајот бидејќи играч не смее да се обложува на натпревари на кои и сам учествува или има допирна точка по некој друг основ. ФА истакнува дека играчот 12 пати го прекршил правилото Е8 од етичкиот кодекс.
 
Мартин Демикелис е обвинет дека се обложил на натпревари кои се одиграни на 22. и 28.јануари оваа година, без да биде прецизирано за кои натпревари станува збор.
 
Аргентинскиот дефанзивец има рок до 5.април да поднесе жалба, но доколку се докаже дека е виновен тогаш се соочува со долга суспензија.