Фудбал
11. February 2016 - 8:04

ФА куп: ВБА во осминафиналето по пенали

Фудбалерите на Вест Бромвич Албион се пласираа во осминафиналната фаза од ФА купот по синоќешната победа на пенали на гостувањето кај Питерборо. Ова беше втор повторен дуел меѓу двата ривала од 4.коло.
 
Џон Тејлор во 55.минута донесе водство за Питеборо, а гостите изедначија со погодокот на Дарен Флечер во 71.минута.
 
Нерешено 1:1 остана и по двете продолженија од по 15 минути па се пријде кон изведување пенали. Поуспешни во ударите од 11 метри беа ВБА кои реализираа четири, а домашните фудбалери три удари од белата точка.
 
Противник на ВБА во осминафиналето ќе биде тимот на Ридинг.