Фудбал
21. May 2016 - 22:25

ФА куп: Манчестер Јунајтед стигна до пехарот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед триумфираа во ФА купот откако во финалето по продолжение со пресврт го совладаа Кристал Палас со 2:1.

Ова за „црвените ѓаволи“ е 12.ти трофеј во ова натпреварување.
Кристал Палас поведе во 78 минута со голот на Пунчон, а само три минути подоцна Мата изедначи на 1:1 и се избори за продолжение. Во дополнителното време Манчестер Јунајтед најпрвин остана без Смајлинг, кој беше исклучен поради втор жолт картон - црвен картон. 
Решавачкиот гол го постигна Џеси Лингард во 110.минута.