Фудбал
8. January 2017 - 21:45

ФА куп: Ливерпул на „поправен“ со Плимут

Екипата на Ливерпул не успеа да постигне победа во 3.коло од ФА купот против Плимут на домашен терен откако со членот на Лига 2 (ранг 4 во Англија) одигра на Енфилд нерешено без голови 0:0. Тоа значи дека премиерлигашот ќе мора да игра „поправен “ дуел на 17 или 18.јануари на теренот на ривалот.

На другите четири натпревари одиграни денеска имаше победници: Челзи - Питерборо 4:1, Мидлсброу - Шефилд В. 3:0, Тотенхем - Астон Вила 2:0 и Кардиф - Фулам 1:2.
Утре се игра последниот натпревар од 3.коло меѓу Кембриџ и Лидс.
Покрај Плимут - Ливерпул ќе бидат одиграни уште осум „повторени натпревари“.