Фудбал
21. January 2016 - 0:12

ФА куп: Ливерпул и Тотенхем изборија пласман во 4.коло

Екипите на Ливерпул и на Тотенхем како последни се пласираа во 4.коло од ФА купот откако во повторените дуели од третата рунда ги победија ривалите. Ливерпул на домашен терен беше подобар од Ексетер со 3:0, а стрелци беа: Ален (10.минута), Оџо (74) и Тешеира (82).

Тотенхем на гости го совлада Лестер со 2:0 со головите на Сон -Мин (39) и на Чадли (66).
 
Двојки во следното коло се: Дерби - Манчестер Јунајтед (се игра на 29.јануари), Колчестер - Тотенхем, Арсенал - Барнли, Астон Вила - Манчестер Сити, Болтон - Лидс, Бури - Хал, Кристал Палас - Стоук, Нотингем Форест - Вотфорд, Оксфорд - Блекбурн, Портсмут - Бурнемут, Ридинг - Волсол, Шревсбери - Шефилд В.,ВБА - Петерборо, Ливерпул - Вест Хем (сабота 30.јануари), Карлслај - Евертон и МК Донс - Челзи (недела 31.јануари).