Фудбал
11. March 2016 - 18:23

ФА куп: К.Палас гостува кај Ридинг

Во рамките на ФА купот на Англија од вечерва до недела ќе се одиграат четвртфиналните дуели. Програмата на „отвораат“ вечерва екипите на Ридинг и Кристал Палас. Домаќинот Ридинг (член на Чемпионшип дивизијата) е единствената екипа од осумте во четвртфиналето што не е член на Премиер лигата. Почетокот на натпреварот е во 20:55 часот.
Утре се игра дуелот во Ливерпул меѓу Евертон и Челзи (почеток 18:30 часот).
Во недела во првиот термин од 14:30 часот играат бранителот на трофејот Арсенал и Вотфорд, додека во терминот од 17 часот е дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Вест Хем.
Победниците ќе обезбедат пласман во полуфиналето, а во случај на нерешен резултат ќе се игра повторен натпревар.