Фудбал
29. November 2016 - 0:02

ФА: Ќе има нова казна за Мурињо

Поради недолично однесување на средбата со Вест Хем која заврши без победник 1-1 менаџерот на Манчестер Ј. Жозе Мурињо се соочува со нова казна од челниците на Премиер лигата.

Мурињо беше исклучен уште во првиот дел откако изшутира се пред неговата клупа и жестоко реагираше кај судиите. 
Португалецот беше казнет со 8000 фунти  и суспензија на еден меч поради навреди кон главниот судија Клатенбург на средбата со Барнли а за коментарите пред мечот со Ливерпул упатени кон судијата Тејлор заработи казна од дури 50000 фунти.