Фудбал
15. October 2015 - 10:16

ФА го суспендира Мурињо

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо нема да може да го предводи својот тим на натпреварот со Астон Вила, откако Фудбалската асосцијација му изрече суспензија од еден натпревар бидејќи го коментирал судењето по поразот на Челзи од Саутемптон во минатото коло.
 
Исто така Португалецот од ФА е казнет и парично со 50.000 фунти.
 
ФА го обвини Мурињо за неспортско однесување откако на прес конференцијата по мечот со Саутемптон (1:3), на 3.октомври, рекол дека „судијата се плашел да носи одлуки во корист на неговиот тим“.
 
Актуелниот англиски шампион лошо ја започна сезоната, по осум натпревари во Премиер лигата се наоѓа на 16-то место на табелата со десет бодови помалку од лидерот Манчестер Сити.