Ф4 – ЛШ (жени): ЖРК Вардар чекори по стапките на Кометал ЃП
Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција ЖРК Вардар попладнево во Будимпешта го игра второто финале во Лигата на шампионите во обид да го освои ракометниот врв. Сличен пат имаше и првиот македонски ракометен европски првак Кометал Ѓорче Петров. „Кометалки“ првото финале во 2000 година го загубија од Хипо, но во следното 2002 година беа поуспешни од Ференцварош.
Во слична ситуација е и Вардар, со тоа што од почетокот на годината е познато дека ова се последните дуели на „вардарки“ во овој состав. ЖРК Вардар лани го имаше своето прво финале, а оваа сезона се изборија за второто и тоа во низа против истиот ривал актуелниот европски првак унгарски Ѓер.
- Наша задачата е да направиме анализа, се ќе зависи од одбраната. Вчера против Ростов дадовме се од себе и успеавме. Ние целата сезона го чекавме овој натпревар. Може да играме лошо, но важно е да победиме, изјави тренерот на Ирина Дибирова.
Ова ќе биде вкупно 6.ти меѓусебен дуел на ЖРК Вардар и Ѓер, а билансот е 1 победа за ЖРК Вардар, 1 нерешен резултат и 3 порази (заедно со ланскиот во финалето).
Дуелот ЖРК Вардар – Ѓер почнува во 18 часот, а ќе го судат Шарлота и Жулија Бонавентура од Франција, малото финале меѓу Букурешт и Ростов Дон почнува во 15:15 часот.
Ново на Сител
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа