Ф1
26. јуни 2021 - 9:28

Ф1: Откажаната трка во Сингапур се сели во Турција

Раководството на Формула 1 соопшти денеска дека Турција ќе ја организира откажаната трка за Големата награда на Сингапур.

Трката за Големата награда на Турција, како што е потврдено, ќе се вози на 3 октомври на патеката „Истанбул Парк“.

Претходно овој месец, организаторите на Големата награда на Сингапур соопштија дека се принудени втора година по ред да ја откажат трката поради рестрикциите во земјата поврзани со пандемијата на коронавирус.