Ф-1:Згасна тимот на Менор
Формула 1 во пресрет на новата сезона остана со еден тим помалку, откако Менор реши да се повлече од натпреварувањето. Менор во Фромула 1 освои само два бода, но во историјата на овој спорт ќе остане запаметен по трагичната несреќа во 2015 година во Јапонија, во која загина Жил Бјанки.
Единствените бодови на овој тим во Формула 1 му ги донесоа починатиот Бјанки во 2014 година во Монако и Паскал Верлајн на трката во Австрија минатата сезона.
Минатата сезона Менор ја заврши на последното место во конкуренција на конструктори, поради што остана без наградниот фонд, а тимот замина во стечај.
Бидејќи сопственикот не успеа да пронајде купувач Менор згасна.
Инаку новата сезона во Формула 1 ќе стартува со трката за Големата награда на Австралија на 26.март.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море