Ф1
28. August 2016 - 16:05

Ф-1: Трка со прекини, хаос и триумф на Розберг во Белгија

Пилотот на Мерцедес Нико Розберг победи на денешната трка од шампионатот во Ф-1 што се возеше на патеката Спа за ГН на Белгија. 

13-тата трка ја одбележа хаос, судири на болидите, прекин во 9 круг но и убедлив триумф на Германецот со 13 секунди предност пред второпласираниот Рикардо. 
Вистински јунак на трката беше светскиот првак Хамилтон кој иако стартуваше претпоследен на крајот успеа да се искачи на пиедесталот  како третопласиран. 
Во генералниот пласман Хамилтон има 9 бодови предност пред Розберг.