Ф1
8. April 2018 - 19:44

Ф-1: Себастијан Фетел најбрз и на Гранприто во Бахреин

Себастијан Фетел по Австралија славеше и на Гранприто во  Бахреин. Во извонредна и многу неизвесна трка Фетел на крајот беше побрз за само  една секунда од Валери Ботас додека како трет на пиедесталот се искачи светскиот шампион  Луис Хамилтон.

Со оваа победа, Фетел и Ферари уште еднаш потврдија дека сезонава може да бидат големи ривали на Мерцедес. Клучна за оваа победа на Ферари беше одлуката на тимот да не му ги менува гумите на Фетел два пати за време на трката туку само еднаш, па Германецот мораше да вози 37 круга со еден пар гуми.

Ова се обиде да го искористи Ботас кој нападна во последниот круг но Фетел го одби овој напад и ја забележа 49. Победа во кариерата.